Над 1 милион денари народни пари од Министерството за култура инкасира издавачката куќа „Темплум“ на шарениот револуционер Никола Гелевски во скопската јавност познат како Коља Мрак.
Комисијата за издавачка дејност и литература за „шарениот револуционер“ Никола Гелевски, главен и одговорен уредник на интернет порталот „Окно“, за порталот му одобрила 350.000 денари. За истиот Никола Гелевски, главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Темплум“ одобрила уште 8 проекти и сума од 760.000 денари. И се би било во ред доколку два од овие осум наслови „Имагинарни животи“ од Марсел Швоб и „Морковче“ од Жил Ренар, поддржани со по 50.000 денари, Министерството за култура веќе еднаш не ги поддржало во 2008 година, односно во владата на ВМРО-ДПМНЕ којашто „Коља Мрак“ ја рушеше.
Се разбира дека ваквиот потег на Комисијата не доаѓа од неинформираноста на нејзините членови дека Гелевски веќе добил поддршка за споменатите наслови, туку по се изгледа од обврската да биде исплатен хистеричниот врескач и оспорувач на она што претходната влада го поддржуваше во културата.
Сличен скандал се повторува и со самиот министер за култура Роберт Алаѓозовски, кој ја потпиша Годишна програма за издаваштво и литература во која со 120.000 денари е поддржан насловот „Завивањето на волкот“ од Аг Аполон, книга која веќе еднаш е поддржана во програмата на Министерството за култура за 2015 година и тоа издадена од издавачката куќа „Готен“, чиј сопственик е токму министерот Роберт Алаѓозовски.
Македонската јавност подобро се запозна со ликот и делото на Коља Мрак во неговата дебата со политичкиот аналитичар Александар Пандов, во која се однесуваше хаотично и навредувачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст