| четврток, 6 декември 2018 |

Џејн Остин наместо Дарвин на банкнотата од десет фунти

Ликот на писателката Џејн Остин би можел да се најде на банкнотата од десет фунти наместо портретот на научникот Чарлс Дарвин, рече шефот на Бакната на Англија, Мервин Кинг, пренесува „Би-би-си“. Според зборовите на Кинг, Банката на Англија веќе две години размислува кој од истакнатите личности би можел да се најде на новите банкноти од десет фунти и заклучиле дека Остин е можниот кандидат. Тој додал дека конечната одлука за дизајнот на банкнотата ќе ја донесе Гувернерот на Банката на Англика, Марк Карни, кој ќе ја преземе должноста на 1 јули.
Џејн Остин е една од најистакнатите писателки на Велика Британија од 19 век. Нејзини најпознати дела се: „Гордост и предрасуда“ и „Разум и чувствителност“. Ако портретот на Џејн Остин се појави на банкнотите, таа ќе биде една од малкуте жени кои се прикажани на британските банкноти, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета II.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top