| четврток, 6 декември 2018 |

Хашим Тачи: Време е Косово да добие своја војска

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска изјави дека долгоочекуваното официјализирање на војската чука на врата.

Тачи рече дека е решителен во тоа Косово да добие своја војска, додавајќи дека стратешките партнери на Косово и на НАТО целосно го поддржуваат тој процес.

Денеска во Собранието на Косово се одржа свечена седница по повод одбележување на 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово.  Претседателот на Собранието, Кадри Весели, оценил дека Ослободителната војска на Косово со Адем Јашари, илјадниците нејзини припадници, како и мировниот проект на Ибрахим Ругова, се синоними за слободата на Косово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top