| четврток, 6 декември 2018 |

Им ја земале кога имала 6 години: Биолошките родители си ја бараат злоставуваната ќерка назад, за абортусот дознале од медиумите

Родителите на злоставуваното 13 годишно девојче си ја бараат назад ќерката. Шокирани се што за абортусот дознале од медиумите. Фикрија и Шефки Ибраим живеат во Чичино село, прифатилиште каде бездомните лица добиваат топол оброк и сместување, јавува телевизјата 24вести.

Мајката Фикрија раскажува дека нивното родителско право било одземено кога малолетничката имала 6 години. Oткако нивната ќерка им била одземена, била сместена во неколку згрижувачки домови како и во домот „25 Мај“.

Мајката раскажува дека 3 години била во затвор, а во тој период скоро и да немала контакт со нејзината ќерка. По излегувањето од затвор се обратила до неколку институции за да си го врати девојчето, но безуспешни биле нејзините обиди. Вели недозволиво е девојчето да абортира без нејзина дозвола. Тврди дека никогаш не ја носела со нејзе на питачење, ниту ја продавала на трети лица за да заработи. Бара девојчето да и биде вратено назад за како што вели да и понуди мајчински совет.

За случајот со тринаесетгодишната штитеничка на домот „25 Мај“, директорот вчера изјави дека чувствува морална одговоност, но тврди дека никој од Домот не е инволвиран. Министерката Царовска посочи дека постојат сериозни индиции дека е жртва на трговија со луѓе.

Во однос на абортусот на малолетничката, рече дека старателот од јавната установа „25 Мај“ дал согласност како и самата 13 годишна девојка. Најави дека е формирана комисија која ќе ги истражува наводите за сексуално малтретираното девојче од домот „25 мај“, и дека веќе утре ќе се знае кој ќе сноси одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top