Африм Гаши е избран за лидер на БЕСА на конгресот што се одржа денеска во Тетово. За него гласаа 522 делегати, 12 биле против и осум воздржани од вкупно 575 делегати.
По изборот, Гаши изјави дека БЕСА отсега ќе биде партија не само на Албанците, туку на сите народи кои живеат во Македонија и кои ги бараат нивните права што им следуваат.
Како што рече, ќе се залага за евроатланската интеграција на земјата, подобар живот за граѓаните, еднаква правда за сите, отворена партија за сите и за редефинирање на земјата.
Во однос на расцепот на движењето и рече дека со Биљал Касами имаат различни патишта и без разлика на тоа каква одлука ќе донесе судот, борбата за барање на правадата, ќе продолжи до крај.
На конгресот беше избран и Совет за набљудување на партијата и Централен совет како највисок орган на партијата меѓу два конгреса.
На конгресот присуствуваа и претседателот на ДПА Мендух Тачи, Елми Азири од Алијанса на Албанците, претставници на Турската Демократска Партија и претставници на дипломатскиот кор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст