Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е против организирање на референдум за името. Според него постои позитивна атмосфера за решавање на деценискиот спор, а резултатите од преговорите ќе се дознаат за брзо време.
Исто така тој не се сложи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е запознае со развојот на настаните околу спорот со името.
„Имавме заедничка средба на високо државно ниво, во присуство на претседателот на државата, премиерот, министерот за надворешни работи, лидерот на опозицијата. Разговаравме речиси пет часа и запознаени сме за текот на средбите и намерите, за постигнување прифатливо решение за страните. Сметам дека има позитивна атмосфера меѓу страните и прашање е на време кога и јавноста ќе биде информирана за резултатите“, порача Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст