Американскиот федерален обвинител Џеф Сешнс нареди ревизија на процедурата на Министерството за правда, откако ФБИ призна дека не ја истражило дојавата дека осомничениот за масакрот во средно училиште на Флорида, подготвувал напад..
Сешнс изјави дека трагедијата во која беа убиени 17 лица е „последица“ на пропустите на ФБИ. Тој истакна дека сега е јасно дека на Федералното истражно биро му се провлекле знаците на предупредување.
ФБИ призна дека пропуштиле да реагираат на дојавата со која биле предупредени дека Николас Круз има „желба за убивање“.
Ревизијата ќе истражи каде е грешката и како ФБИ и Министерството за правда реагирале.
Лидерот на групата бели супремисти – Република Флорида, изјавил дека Круз бил еден од неговите членови и бил вклучен во паравоени вежби. Но, ниту канцеларијата на шерифот на општината Лион, ниту други надлежни власти, не потврдиле каква било поврзаност меѓу Круз и паравојска.
По претходните масовни убиства во САД, одредени законодавци повикаа на заострување на слабите закони на државата за контрола на оружјето. Но, Вториот амандман од Уставот го гарантира правото за поседување оружје.
Поборниците за овие права во Конгресот, поддржани од Националната асоцијација за огнено оружје (NRA), не дозволија да бидат изгласани закони за забрана на продажба на одредени видови оружје или надградби на оружје коишто ја зголемуваат неговата моќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст