На медицинскиот факултет во Бостон е спроведена студија чии резултати покажале дека жените кои планираат бременост по 30. година од животот и кои ќе останат бремени по природен пат, имаат поголема шанса да доживеат длабока старост.
„Ова не значи дека жените треба да раѓаат подоцна за да си го продолжат животниот век, туку покажува дека зачнувањето во подоцнежни години предизвикува бавно стареење на репродуктивниот систем, а со тоа побавно старее и целото тело“, рекол Томас Перлс, професор по медицина и ко-автор на студијата.
Според податоците на една студија, Перлс и неговите колеги заклучиле дека 462 жени кои последен пат родиле по 33 година од живото имаат двапати поголема шанса да доживеат 95 години старост во споредба со оние кои последното дете го родиле до 29 година.
Тие сметаат дека одредено влијание имаат и генетските предиспозиции на жените кои можат да го забават стареењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст