| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Собранието не е блокирано, ВМРО-ДПМНЕ мора да води сметка за државните и националните интереси

Собранието може да функционира и ВМРО-ДПМНЕ не е политичка партија која што го спречува функционирањето на Собранието, напротив ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што води сметка за државните и националните интереси. Исто така ВМРО-ДПМНЕ води сметка да не биде прекршен Уставот и законите, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали ќе почне Собранието да функционира, поставено на денешната негова прес-кофнеренција, каде објави дека ВМРО-ДПМНЕ стана членка на Центристичката Демократска Интернационала.

– Собранието може да продолжи да функционира, колку што сум запознаен голем дел од пратениците се надвор од државата и токму тоа е причината зошто Собранието во овој момент не функционира, дополни Мицкоски.

На прашањето дали поднесувањето на 35 илјади амандмани се во координација со пратеничката група, Мицкоски рече:

„Сите чекори кои што ВМРО-ДПМНЕ ги превзема во Собранието на Република Македонија се во апсолутна координација со актуелното раководство на партијата, а дел од актуелното раководство на партијата се и пратеници во Собранието на Република Македонија. “

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top