Секоја година ѕвездите и планетите се конвергираат на посебен начин и некому носат успех, додека на други им создваат комплицирани ситуации во разни сфери на животот.
Еве кои знаци од зодијакот можат да очекуваат голем успех во кариерата во 2018 година.
Овен
Овенот го очекуваат две успешни години за бизнис. Сатурн ќе остане две години и шест месеци во знакот на Овен во 10 куќа, која е поврзана со наградите и достигнувањата. Тоа значи дека вашето внимание ќе биде сконцентрирано на она што сакате да го постигнете. Ќе сфатите дека не треба да се губи време и да го чекате успехот, а во 2018 и 2019 година ќе се доближите до своите цели. Бидете подготвени да се качите на скалите на успехот, по цена љубовниот живот да ви трпи заради тоа.
Стрелец
Сатурн се наоѓа во вашата втора куќа, која е позната како планета на дисциплина, но и подароци кои ќе ги добиете од научените лекции. Ја почнавте годината со прегледување на својот буџет, но ќе добиете предност со пронаоѓање на извор на дополнителен приход од страна. Оваа година ќе примените попрактичен пристап на парите и имотот. Ќе научите нови начини ефикасно да ги искористите своите средства за дополнителни приходи, а постои шанса така да добиете финансиска слобода користејќи она што веќе го имате.
Риби
Сатурн само што ја напушти вашата 10 куќа на слава и почест, а огромниот напредок кои го направивте во изградба на својот углед во кариерата, сега ќе ви се исплати. Можеби ќе чувствувате дека почетокот на годината е малку бавен, но во вториот квартал годинава, околу април, настаните брзо ќе се одвиваат. Фокусирајте се на проекти кои ви се навистина важни и не се грижете за тривијални работи. Оваа година луѓето ќе се интересираат за вас и ќе ви се отворат можности за нови соработки. Следете го својот сон и бидете она што сакате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.