| четврток, 6 декември 2018 |

Жена оперира во ТЦ „Рамстор“ (ВИДЕО)

Жена затскриена со капа на главата и дебела зимска јакна денеска излегла од ТЦ Рамстор побогата за најмалку еден паричник и еден мобилен телефон.
Твитерџиката Ника објави видеоснимка на која се гледа како жената со лепливи прсти ѝ го краде мобилниот телефон од чантата додека разгледува облека во еден од дуќаните во трговскиот центар.

Претходно истата жена украла паричник.


Кој ќе ја препознае жената, Ника го замолува да ѝ каже. Таа си го бара телефонот и ветува дека нема да ја чепка ако ѝ го врати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top