| четврток, 6 декември 2018 |

Загина држејќи им ја врата на другарите да избегаат од убиецот од Флорида

Петнаесетгодишен ученик покажа вистинско херојство во стравичниот колеж на Свети Валентин во средното училиште во Флорида. Петер Ванг им ја држел вратата на другите ученици за да можат да избегаат кога бил смртно ранет. Сведоците велат дека тинејџерот со телото ја блокрал врата и ги насочувал другарите кон излезот.

„Бесцененет Петер, како професорка секој семестар до крајот на живототтвојата приказна ќе им ја раскажувам на студентите. Ти благодарам, млад американски хероју“, напишала една професорка на Твитер, каде што тинејџерот-херој доби достојна почит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top