Вчерашното убиство на сопругата со нож и чекан од 54-годишниот сопруг, кое се случи во раните утрински часови во Кочани, е прв случај на фемицид во 2018 година, сметаат експертите.
Според Благица Кирова од невладината организација „ЕХО“ од Штип, која работи со жртви на семејно насилство, вчерашната крвава семејна драма во која е убиена жена а потоа се самоуби и сопругот, е класичен пример со кој се отсликува родовата димензија на семејното насилство.
– Фемицидот е најтешка форма на дискриминација на жените. Тоа е убиство на жена затоа што е жена. Најтешка форма на насилство врз жени и девојчиња, вели Кирова.
И покрај тоа што надлежните институции немаат регистрирано насилство во тоа кочанско семејство, според Кирова ваквиот чин е резултат на долгогодишна психичка и физичка тортура која се криела од институциите.
– Сознанијата кои ги имаме говорат дека многу често семејното насилство и насилството врз жените останува скриено во фамилиите. Значи не се пријавува, најчесто поради предрасуди кај самите жени жртви за да се зачува имиџот на нормално, функционално семејство. Причини за да не се остават децата сами да се снаоѓаат, да се издржи во тешки околности, најчесто жените не пријавуваат. Како некој кој со години се занимава со оваа проблематика, сметам дека ова не е случај што сега се случил инцидентно, рече Кирова.
Во Македонија нема официјална статистика на фемициди, но според анализа направена од невладини организации во изминатите три години на државно ниво се регистрирани 19 случаи на фемицид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст