| четврток, 6 декември 2018 |

Џејми Оливер ја прочита првата книга на 38 години

Британскиот ТВ готвач Џејми Оливер призна дека штотуку завршил со читањето на својата прва книга и тоа на 38 години! Најбогатиот готвач на светот со богатство проценето на 150 милиони фунти, призна дека завршил со читањето на научно-фантастичниот роман Лов на огнот“ од Сузан Колинс на 390 страници.
Џејми кој е автор на дваесеттина книги за готвење рече дека никогаш не прочитал ниту една книга, бидејќи има дислексија.
-Јас сум дислектичар и до неодамна нема земено в раце ниту една книга, вели таткото на четити деца, но ја прочитав „Лов на огнот“. Потонав во приказната.
tepartnership-jamieoliver-premium-ambiances-castiron1

Во минатото тој велеше дека поради дислексијата бргу се заморува и ниту една книга не го задржувала неговото внимание.

-Единствената книга која речиси до крајот ја прочитав беше „Доверливо од кујната“ од Ентони Бордејн. Но, тогаш Бордејн дојде во Британија и не престана да ме прозива дека сум ја запалил неговата книга, во текот на следните пет години. Оттогаш се извини и се смиривме. веријатно сега ќе можам да го прочитам остатокот од книгата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top