Некои хемикалии кои се користат во прехрамбената амбалажа, тавите за готвење и во облеката го поттикнуваат дебелеењето и влијаат на процесот на метаболизмот, посебно кај жените, објавено е во една нова американска студија.
– Првпат нашите резултати овоможија да докажеме дека постои врска меѓу супстанците ПФАСс (перфлоуоралкил и полифлоралки) делуваат на регулацијата на телесната тежина кај луѓето и така придонесуваат во епидемијата на дебелината – изјави Ки Сун, главен автор на студијата на која работи тимот од нутриционисти на Харвард.
Студијата е објавена во списанието „ПЛОС Медицин“ и во неа учестувале 621 учесници на кои две години им била следена телесната тежина и количината на ПФАСс во крвта.
Учесниците просечно загубиле 6,4 килограми за шест месеци, а потоа во следните година и пол просечно добиле 2,7 килограми.
– Оние кои ги добиле назад килограмите се токму тие кои имале поголема количина ПФАСс во крвата, а таа врска била посилна кај жените – покажа студијата.
Супстанците ПФАСс се присутни во нашата околина во последните 60 години, а многумина сметаат дека тие се виновни и за други болести.
– Резултатите јасно покажуваат дека ограничувањето или избегнувањето на изложеност на ПФАСс може да им помогне на луѓето да ја задржат стабилната телесната тежина откако ослабнале, а посебно тоа е случај кај жените – изјави коавторотот на студијата Филип Грандјен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст