| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов ги блокираше сметките на над 25 000 граѓани и 8 000 фирми

На над 25.000 граѓани кои не го платиле данокот на имот за 2016 година деновиве градот Скопје им ја блокираше трансакциската сметка. Парите што ги должат сега им ги наплатува присилно. Блокирани се сметките и на дури 8.000 фирми кои не ја платиле фирмарината за 2016 година. Од градот велат дека станува збор за вообичаена процедура, што се применува секоја година. Сепак деновиве самите известија дека ако некој е блокиран по грешка, треба да оди во една од бараките на градот да се исправи грешката.

ЃРАЃАНИТЕ ИЗБЕЗУМЕНИ, НЕ ДОБИЛЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Гужви на шалтерите во банките по главниот град направија деновиве блокираните граѓани и претставниците на фирмите чија сметка останала неактивна поради блокадата од градотѕ. Сите збунети прашуваат зошто се блокирани. Од градот велат дека бројот на блокирани граѓани е сличен како и секоја година.

„Ниту ме известија ниту имам какво било предупредување. Отидов да поминам плата за вработените, кога сфатив дека сметката е блокирана. Дополнително за да ми се одблокира сметка ми наплатија 3.500 денари. Долгот е долг и треба да го платам, ама не знам зошто не ме предупредија. Немаше да се доведам во ситуација да плаќам и за деблокирањето, вели С. П. Која е сопственичка на дуќан во Скопје.

Блокирани се и граѓаните. И ним банките им наплатуваат по 2.000 до 3.000 денари за деблокада и тоа дополнително им ја отжнува „маката“.

Од градот Скопје велат дека блокадите се законски и дека имаат право да вршат присилна наплата на долговите.

„Постапката за присилна наплата се спроведува неколку месеци безмалку една цела година пред блокирањето на сметките на должниците. ПО завршувањето на роковите за редовна наплата на даночните обврски на сите обврзници кои според нашата евиденција не ја подмириле, им с еиспраќаат опомени кои треба да се реализираат и со тоа да се одбегне непотребното присилно наплаќање на обврските, велат од градот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ МАКИ

Додаваат и дека редовно потсетувале со праќање на соопштенија во медиумите. Пред два дена сепак потсетија дека ако некое физичко или правно лице ја завршило обврската односно платило, а сепак е блокирано треба да се обрати во бараката со број 16.

Според последните податоци од Народната банка кои се само до септември минатата година, во земјава се издадени околу 3,9 милиони трансакциски сметки од кои во тој период биле блокирани 235.629 сметки. Од сите овие на физички лица се 188.062 сметки, додека на фирми 47.567 сметки се со блокада. Ако се анализира по иматели на сметки кои се депоненти во некоја од банките во септември лани биле блокирани над 80.000 физички лица и над 31.000 фирми.

Граѓаните ги блокираат извршители преку банките за неплатени комунални сметки, а самите банки и за невратени кредитни рати. Дополнително оптоварување е што банката наплатува и за блокада и деблокадата на сметката.

фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top