| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца скијачи загинаа во лавина

Телата на тројца скијачи се пронајдени во лавина што падна во зимско одморалиште во југозападна Франција .

Телата на скијачите биле пронајдени надвор од патеката на одморалиштетот Каутеретс на Пиринеите. Тројцата се Французи , едниот на 29 , а двајцата на 38 годишна возраст.

Несреќата се случила минатата ноќ . Само еден ден претходно во блиското одморалиште гаверние , исто на Пиринеите , во лавина загина 19 – годишно момче .

Властите ги предупредуваат скијачите да не се оддалечуваат од ски – патеките , бидејќи сите досегашни несреќи се случиле надвор од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top