
Нов настап во рамки на очекувањата на македонските крос-кантри претставници на Зимските олимписки игри. На патеката во „Алпенсија центар“ во Пјонгчанг денеска се појави Викторија Тодоровска (17) во трката на 10 километри. Времето што притоа го забележа тинејџерката од Скопје беше 32:57,06 минути и на крајот го освои 85 место во конкуренција на 90 натпреварувачи.
Послаб резултат од неа имаа Ајсенур Думан од Турција, Марија Сесилија Домингеш од Аргентина, Марија Булатовиќ од Црна Гора, Ри Јонг Гум од Северна Кореја и Клаудија Салседо од Чиле.
Златото го освои Норвежанката Рагнхилд Хага со резултат 25:00,5 минути што е за 7:57,1 минути побрзо од македонската претставничка. Второто место го освои Шарлот Кала од Шведска (25:20,8 минути) додека трета беше сонародничката на Хага, Марит Бјорген (25:32,4 минути).
По спринтот на 1,6 километри, утре на ЗОИ во Пјонгчанг повторно ќе настапи Ставре Јада во крос-кантри трката на 15 километри. За втората натпреварувачка недела на Игрите ќе преостане уште Антонио Ристевски кој ќе настапи во две дисциплини во алпско скијање. На 18 февруари е закажана трката во велеслалом, а четири дена подоцна и во слалом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


