| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за пожарот на Зелен пазар: Се запалила тезга со гуми и пожарот се проширил (фото)

Запалена тезга за продажба на гуми за возила и велосипеди е причината за пожарот кој попладнево избувна на Зелениот пазар во Скопје.

Во пожарот нема повредени а екипи на противпожарната единица од Скопје работат на негова локализација.

Како што дознаваме, продавачот на тезгата го заклучил објектот и тргнал да си оди по што избувнал пожарот кој се проширил и ги зафатил околните тезги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top