| четврток, 6 декември 2018 |

Од први јули поевтина струја?

struja

Весникот „Дневник“ денеска објави дека цената на електричната енергија од 1 јули годинава ќе биде намалена.

Се работи за намалување од 5,2 отсто, пишува „Дневник“ повикувајќи се на сигурни извори.

Ваков предлог бил даден на подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика, а конечната одлука би требало да биде донесена утре.

Инаку, според претпоставките, цената на струјата би била намалена поради намалената потрошувачка на електрична енергија во текот на изминативе 12 месеци, а улога игра и падот на цената на струјата на светските пазари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top