| четврток, 6 декември 2018 |

Романската специјална јавна обвинителка повикана на одговорност

По формирањето на Антикорупциската дирекција во Романија во 2013 година неколку пати почнаа да ја тресат скандали за селективно работење и низа на критики. Од друга страна во 2015 година во Македонија по овој терк беше формирано Специјалното јавно обвинителство со една единствена цел гонење на политички неистомисленици. Истото во земјава се соочува со низа на критики за селективност, а не за спроведување на законот.

Сега во Романија бараат оставка од Лаура Ковеси, како и распуштање на Антикорупциската дирекција. Главната причина и таму е селективноста, односно гонење на лица само од една политичка провиниенција за што и самата кажува на единствениот прес одржан отткако е формирана институцијата. Дали ова покажува дека селективноста на СЈО може да го снајде истата судбина.

Антикорупциската комисија инаку е најпознато обвинителско тело во Романија, кое во последниве неколку години во судот ги испраќаше поранешните премиери, министри, пратеници, градоначалници и влијателни бизнисмени. Ова тело е дел од таен систем кој има за цел да ја преземе контролата врз политичката моќ во Романија, или го нарекуваат “паралелна држава”.

Поранешната обвинителка ја повикала Лаура Ковеси и ја прашала дали може да ја забрза истрагата за поранешен министер за кој се шпекулира дека е кандидат за премиер. Што било прифатено од Ковеси. Нејзината претходничка пак беше отпуштена од институцијата и била испратена на суд фалсификат.

Која е приказната во Романија со македонската Катица?
Главниот обвинител на романската Национална антикорупциска дирекција, Лаура Ковеси, во средата објави дека немала причина да се откаже од функцијата, и ќе ја брани работата на организацијата и нејзините соработници и покрај обвинувањата за фалсификувани докази и заплашување на сведоци од поранешни пратеници – некои од кои биле погодени од работата на директорат.

Ковеси и директоратот оваа недела беа под напади откако поранешен пратеник на социјалдемократите, кој беше осуден за мито, но кој исто така е сведок во неколку други случаи, обвини еден обвинител за заплашување на сведоци и фалсификување докази. Неколку политичари ја повикаа Ковеси да поднесе оставка поради лошото управување, при што некои дури тврдеа дека Антикорупциската дирекција треба да биде распуштена. Таа воопшто нема слух кога се збори за нејзината рабиота и си ја тера агендата што треба да ја исполни без да води сметка за законот и правдата. Премиерот Виорика Данцила, исто така, побара од министерот за правда, Тудорел Тодер, да ја прекине официјалната посета на Јапонија, за да може да се врати во Букурешт за да се справи со скандалот.

Тензиите меѓу раководството на романските социјалдемократи или ПСД и Антикорупциската дирекција на Ковеси ескалираа во ноември 2017 година, кога обвинителите објавија дека го испитуваат шефот социјалдемократската партија Ливиу Драгнеа за наводна измама – тој беше обвинет за формирање криминална мрежа за проневера на европските фондови. Но Ковеси, ова не ја засегаше бидејќи требаше да се испорача резултат. Затоа и одговорот и е останува на функција.

Поранешниот пратеник Влад Косма, кој ги обвини обвинителите за заплашување на сведоци, беше осуден во 2017 година за затајување данок, перење пари и проневера и сега чека судот да одлучи по неговата жалба. Меѓутоа, поранешниот пратеник, исто така, е сведок во 12 други случаи на корупција.

Антикорупциска дирекција на Романија предизвика критики од романските политичари во последниве години. Сепак, институцијата, како и македонското СЈО добиваат пофалби само страна на меѓународните институции и странските дипломати за ефективно судење на неколку високи политичари. Според Ковеси, во последните четири години беа осудени 70 високи функционери, меѓу кои и двајца премиери, како и други пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top