Австралискиот премиер Малколм Турнбул донесе одлука да забрани сексуални односи меѓу министрите и вработените во нивните кабинети. Одлуката следува по скандалот кој ја потресе владата.
Имено, заменик премиерот и министер за инфраструктура – Барнаби Џојс (на сликата), католик, кој е во брак 24 години, и кој е гласен во промовирањето семејни вредности, во моментов чека дете со поранешната претседателка за односи со јавност.
Како резултат, Турнбул реши дека министрите, без оглед дали се во брак или не, не смеат да стапуваат во сексуални односи со вработените. Во спротивно ќе ги прекршат стандардите на однесување.
Тој смета дека во 2018-та е неприфатливо министер да има секс со некој/а кој/а работи во кабинетот. „Тоа е навистина лошо однесување на работа и сите знаат дека од тоа никогаш не излегува нешто добро“, рече премиерот.
Одлуката на Турнбул стапи во сила веднаш, а според него, Џојс ќе мора сам да размисли за својата позиција во владата, но и улогата на лидер на Националната партија.
Скандалот со Барбаби Џојс ја загрози стабилноста на владата, а самиот Џојс (50) зема отсуство од работа речиси веднаш откако медиумите открија дека ги оставил жената и четирите свои деца за да биде со бремената 32-годишна љубовница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст