Генетскиот часовник кој почнува да отчукува откако некој ќе почине, во иднина би можел да им биде од голем корист на научниците во утврдувањето на точното време на смрт.
Моментално како показател се користи мерењето на температурата на телото, која на секој час бележи пад од 1.5 степени Целзиусови.
Знаци дека настапила смрт се вкочанетоста на телото, како и присуството на инсекти во близина на телото.
Сепак, новата метода нуди значително поедноставен начин за утврдување на моментот на смртта, и тоа само во рок од еден час од пронаоѓање на телото.
Научниците откриле бројни генетски промени кои се случуваат кога некое лице ќе почине, а кои водат кон смрт на сите ќелии и гасење на имунолошкиот систем.
Најјасни резултати се добиваат од кожата, тироидната жлезда, поткожното масно ткиво и белите дробови, во однос на тоа дека после смртта гените повеќе не играат улога во процесот кој влијае на пренесување на кислород од белите дробови во преостанатиот дел од организмот.
Научниците, кои проучувале гени на 129 личности, велат дека благодарение на новата метода, до откривањето на времето кога ќе настапи смрт доаѓале во просек за 63.75 минути.
Сепак, научници на чело со Центарот за регулација за генетска експресија во Барселона, пренесуваат дека оваа метода не е докажано како ефикасна 24 часа после смртта, и подоцна.
Најочигледни промени претставува процесот во рамките на кој, инструкциите во нашите гени се претвораат во финален производ, како протеинот.
Научниците идентификувале 187 гени кои играат важна улога после смртта, вклучувајќи ги гените HBA1 и HBA2, задолжени за процесите на пренесување на кислород од белите дробови во остатокот од телото и промена во нивното однесување кога лицето ќе прекине да дише.
Новата генетска метода овозможува утврдување на времето на смрт со проучување на одредени видови на ткива, што значи дека тоа е возможно да се утврди дури и кога ќе се пронајдат само остатоци од телото, а не цело тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст