| четврток, 6 декември 2018 |

Грујевски и Бошкоски утре ќе се бранат пред Врховниот суд во Атина

Поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошкоски, утре во 9:30 треба да бидат на рочиште во Врховниот суд во Атина, каде ќе се одлучува по нивната жалба за одлуката за екстрадиција на судот во Солун, јави дописникот на МИА од Атина.

Сослушување на Грујевски и Бошкоски пред Комитетот за азил во Солун денеска беше одложено. Тие пред Комитетот требаше да ги изнесат причините поради кои го бараат азилот во Грција.

Претходно нивното првично сослушување во Комитетот беше одложено бидејќи имало проблем со обезбедување преведувач на македонски јазик.

Одлучувањето во Атина доаѓа по нивните жалби откако Основниот суд во Солун одлучи дека тие треба да бидат екстрадирани во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top