Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Софија оствари средба со министерот за транспорт и комуникации на Република Бугарија, Ивајло Московски.
На средбата се разговараше за инфраструктурните проекти што се реализираат на коридор 8 и кои се од суштинско значење на развој на регионот.
Двајцата министри разговарале за проектот за железничко поврзување и притоа, министерот Сугарески истакнал дека Република Македонија активно работи на изградба на пругата кон Република Бугарија.
Двајцата министри се согласиле во интерес на проектите што се од регионално значење, двете држави да настапуваат заеднички во обезбедување на финансиски средства за реализација на конкретните проекти.
Министерот Сугарески побарал дополнителна поддршка од република бугарија како земја претседавач со Европската унија за обезбедување на неповратни средства преку фондовите на унијата за реализација на проекти што се од капитално значење за Република Македонија. Исто така се разговараше и за поддршката која република бугарија и ја дава на Република Македонија за евроинтегративните и евроатланските процеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст