| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасна трагедија во Сарај, прегазено 7-годишно дете

На ул. „20″ во с. Сарај вчера во 18 часот патничко моторно возило „Сеат Ибица” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Скопје удрило во седумгодишно дете.

По незгодата, детето со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top