| четврток, 6 декември 2018 |

Алаѓозовски се иззема од одговорност, вината ја префрла на комисиите

Со распределбата на средствата во Годишната програма на Министерствотo за култура направена е најдобра проценка, а сите забелешки ќе се решаваме во жалбена постапка, изјави министерот за култура, Роберт Алаѓозовски за Телма.

Алаѓозовски во Топ Тема на Ваша страна наведе дека доколку се покажат аномалии во одобрувањето на средствата тие ќе бидат испитани и корегирани, но дека Министерството нема обврска да ги испитува апликациите за нивна веродостојност и ги повика новинарите и јавноста да го направат тоа.

„Во однос на неколкуте спорни прашања ќе направиме проверка“- изјави Алаѓозовски.

Притоа тој нагласи дека ако некој од комисиите се огрешил ќе одговара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top