| четврток, 6 декември 2018 |

Министер попусто два часа го чекал кумановскиот градоначалник

Коалицискиот партнер во владата ПЦЕР реагира дека вчера министерот без ресор Аксел Ахмедоски два часа го чекал кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на средба во Општината, договорена една недела претходно.

„Потпреседателот на партијата и актуелен министер имал закажано средба пред една недела со грaдоначалникот на Кумaново Максим Димитриески. Во закажаното време министерот Ахмедоски стигнал во Општината, но градоначалникот се појавил по еден час. Тој се извинил дека имал средба на која морал да оди и рекол дека веднаш се враќа. По два часа чекање градоначалникот го немаше, по што министерот се врати од Куманово“, се жалат од ПЦЕР.

Од таму додаваат дека не било прв пат министер од ПЦЕР да извиси од градоначалникот. Истото му се случило и на поранешниот министер, а сега пратеник Самка Ибраимоски. И тој два часа го чекал Димитриевски.

„Дали би се однесувал вака кога би дошол некој министер од неговата партија, или дека министерот Ахмедоски е од rомската заедница па нека чека. Вака држава не бива, со ваква дискриминација на министер, немаме коментар. Димитриевски е целосно неодговорна личност и не ја почитува функцијата министер. Министерот не дојде да ве види Максим, туку да сработи тоа што му е дадена обврска од Владата за локалните акциски планови. Констатираме дека вие не сакате да помогнете на Ромите во Куманово што ви ги дадоа гласовите за да станете градоначаник. Бараме министерот за локална самоуправа да преземе законски мерки за некоректниот однос на градоначалникот на Куманово Максим Димитриески“, реагира ПЦЕР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top