| четврток, 6 декември 2018 |

Амела Цана е нова директорка на Стоматологија, Христијан Дума ќе управува со Очната клиника

Амела Цана е новата директорка на Стоматолошкиот клинички центар, додека Христијан Дума ќе раководи со Очната клиника, објави „Фокус“.

Според нашите информации, Цана имала претходно работно искуство во Фондот за здравство.

Овие смени на директорите на неколку скопски клиники доаѓаат, откако од функциите се повлекоа директорите поставени од Алијансата за Албанците, кои беа коалициони партнери со СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top