Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција, до Основното јавно обвинителство Скопје, ќе поднесе кривична пријава против 26-годишниот Н.Д. 19-годишниот С.Д. и 18-годишниот Н.Б. сите од Велес, поради “тешки кражби“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Тие последниот ден од 2017. во периодот од 17:00 до 18:00 часот, на паркинг простор пред зграда на улицата „Бојмија“, одзеле патничко возило „Опел Кадет“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Скопје. Истиот ден на ул. „Ѓорче Петров“ со возилото предизвикале сообраќајна незгода по што го оставиле возилото и побегнале.
Потоа на 05-ти овој месец во периодот од 15:00 до 17:00 часот на ул. „Никола Карев“ одзеле патничко возило „Застава Југо 55“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.Ј. од Скопје, по што побегнале во непознат правец. Наредниот ден од страна на полициски службеници возилото е пронајдено и одземено од А.И. (40), кому од страна на пријавениот Н.Д. му било продадено возилото за сума од 5.000 денари.
Исто така на 08-ми овој месец во периодот меѓу 15:00 до 17:30 часот од паркинг на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ одзеле патничко возило „Југо Корал“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д. од Скопје. Тие го однеле возилото во Тетово каде што се обиделе да го продадат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст