330 илјади лица ја напуштиле Албанија во последниве седум години. Оваа информација ја објави албанскиот Државен институт за статистика. Тоа практично значи како цел еден регион од земјата да се исели.
Овие бројки се поголеми од втората по бројност околија во Албанија, Фиер со 302.000 жители или од околијата на Драч со 285.000 жители.
„Во последните седум години, најголем одлив е забележан во 2011 година или 52.000 лица. По постепеното намалување во текот на годините, нов бран на емиграција е забележан во 2017 година, кога емигрирале 40.000 луѓе“ – наведува Институтот.
Албанците претежно се селат во земјите на ЕУ или во САД, а земјата ја напуштаат луѓе од сите социјални структури.
Но, не се поштедеи и другите земји од Балканот. Сите го имаат истиот проблем, а најголем одлив на население на подолг временски период имала Босна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст