| четврток, 6 декември 2018 |

Во Исланд снемува струја поради масовно копање на Биткоини

На Исланд живеат нешто повеќе од 330 000 жители (полoвина Скопје), а на овој остров претежно поради ладната клима која е погодна за ладење, се градат се повеќе компјутерски и дата центри.

Во последно време значително е забрзана изградбата на компјутерски центри кои се користат за рударење на bitcoin и други криптовалути, кажуваат од исландската електрoенергетска компанија HS Orka.

Во оваа енергетска компанија се загрижени бидејќи постојат најави за изградба на дата центри за кои се заинтересирани многу клиенти, а капацитетите на електро-енергетската мрежа не можe да издржи такво оптеретување. Ако се изградат сите најавени проекти, Исланд нема да има доволно струја за снабдување на сите. Имено, вкупно потребните 840 GWh електрична енергија за овие центри ќе ги надминат 700 GWh кои годишно се трошат во Исландските домаќинства.

Пратеникот на Пиратската партија во исландскиот парламент Smári McCarthy е незадоволен од ваквиот развој на ситуацијата бидејќи смета дека вредноста која Исланд ќе ја добие од изградба на центри за рударење на bitcoin е занемарлива – бидејќи таквиот потфат речиси не бара вработувања, многу малку се даночи и на крајот на денот државата не добива скоро ништо, освен потрошена енергија, смета McCarthy.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top