Од сите досегашни рочишта на случаите од СЈО веќе е јасно и видливо дека не само обвиненијата подготвени од СЈО, туку и судењата се политичка хајка, политички прогон и политичка освета на СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ. Сите објективни набљудувачи на процесите, особено оние кои се во судницата, коментираат дека судиите толку многу работат пристрасно, навивачки и со политичко партиски мотиви, што не умеат ни да го прикријат тоа.
Судењата против Никола Груевски и другите од ВМРО-ДПМНЕ, се претворија во политичко судски линч врз опозицијата, без правни аргументи и со намера најбрзо можно процесите да завршат, и обвинетите да се осудат.
Секојдневно во судниците се кршат законите од страна на судиите, а обвинителите на СЈО се главни деспоти во процесот и тие раководат со судиите. Се договараат претходно со претседателот на судот и со судијата, и координирано настапуваат на судењата. Судиите кога ќе се најдат во тесно, од одбраната на адвокатскиот тим на Груевски и останатите, јавно пред сите во салата бараат од СЈО да им помогне и ги повикуваат обвинителите да станат и да кажат нешто, што судијата потоа веднаш го прифаќа и носи одлука како што кажал СЈО.
Ова е политичко-судска кампања. Секогаш во историјата кога имало судски кампањи, завршувале со погрешни одлуки, кои подоцна историјата ги исправала.
Со цел да се сигурни дека луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и без вина ќе бидат осудени, СДСМ откако незаконски постави свој претседател на судот, издејствува, овие случаи да ги судат најлојалните судии на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст