| четврток, 6 декември 2018 |

Ако ЕУ го укине зимското и летното сметање на времето, Макдонија ќе ја следи

Доколку Европската Комисија одлучи да се укине летното и зимското сметање на времето се очекува тоа да се примени и во државава, со оглед дека ЕУ е нашиот најголем надворешно трговски партнер и над 80 проценти од нашиот извоз е насочен на европскиот пазар.

Според законското решение што се применува кај нас од 1996 година за утврдување на зимското и летното сметање на времето е направено пред се, за поголеми заштеди на електрична енергија и повеќе користење на дневната светлина.

Доколку Унијата одлучи ваквото сметање на времето да се усогласи тогаш за очекување е дека би требало да се размислува во тој правец и кај нас со тоа што треба да се направат многу пошироки анализи и согледувања какви ефекти тоа би предизвикало во нашето стопанство , сметаат стопанствениците.

Крајната одлука за укинување на зимското и летното сметање на времето треба да ја донесе Европската комисија, на предлог на Европскиот Парламент. Се бара да се укине европската директива за промена на времето двапати годишно поради, се поголемиот број докази за негативното влијание врз човековиот биоритам, зголемување на сообраќајни несреќи и пад на продуктивноста на работното место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top