Со интонирање на химните на Хрватска и на Србија претседателката Колинда Грабар Китаровиќ го пречека својот српски колега Александар Вучиќ кој е во дводневна посета на Хрватска. Иницијатива за средбата на Китаровиќ е со цел да се поместат од мртва точка долгодишните отворени прашања. Односите Загреб – Белград беа дополнително влошени поради српската изолжба за логорот во Јасеновац во седиштето на Обединетите нации…
Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, по средбата со српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека тие не зборувале за минатото.
-Сакав состанокот да се случи во поинакви околности, во поинаква клима, но по ескалацијата на вербалната војна одлучив да го прекинам тоа и да го повикам Вучиќ што поскоро, рекла таа.
Грабар-Китаровиќ му се заблагодарила на Вучиќ затоа што ја прифатил поканата и повикот да се подобрат односите меѓу двете земји кои се обременети со минатото за кое, како што рекла таа, не станало збор на средбата.
Таа рекла дека на средбата биле отворени многу прашања.
-За многу прашања не се согласивме, во некои се приближивме, но во некои верувам дека ќе се приближиме. Најважно е дека ќе продолжиме да разговараме, рекла хрватската претседателка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст