Олеснување на работата на лекарите и пристапот на пациентите до примарното здравство, кои веќе нема да мора да внимаваат дали нивниот матичен лекар или неговата замена е на смена и во секое време да можат да отидат на лекар, е целта на предлогот од матичните лекари кој се разгледува во Министерството за здравство.
– Во моментов се разгледуваат сите досегашни предлози од матичните лекари. Се работи за повеќе предлози, меѓу кои се разгледува и можноста лиценцата за работа да биде на име на приватната здравствена установа, а пациентите при избор на матичен лекар да не се водат на име на избраниот лекар, туку на имe на приватната здравствена установа, во која работи докторот, изјави за МИА министерот за здравство д-р Венко Филипче.
Додаде дека во моментот се бара најсоодветно решение за сите доставени предлози од стручните здруженија.
Претседателот на Здружението на приватни лекари во Република Македонија, д-р Лилија Чолакова Дервишова за МИА изјави дека подолго време од моментот кога почна масовно иселување на младиот кадар бараат како Здружение, пациентите при избор на матичен да не се водат на име на избраниот лекар, туку на име на приватната здравствна установа во која работи докторот.
– Во ситуација кога вработените млади доктори ќе си заминат Фондот за здравствено осигурување автоматски ги брише сите бодови. Има Правилник на Фондот во кој до 2.500 бода пациентите се водат на еден доктор, а потоа над тие 2.500 бода мора секој сопственик да ги запишува пациентите на вработениот доктор. И во таква ситуација, сопственикот на амбулантата кој има две сестри, бидејќи останува една сестра слободна кога си заминува второ вработениот, се наоѓа во тешка финансиска ситуација и да сака да вработи нов доктор нема со што да го плати второ вработениот, рече Чолакова Дервишова.
Појасни дека заради тоа како Здружение побарале пациентите да не избираат матичен доктор, туку да си избираат матична амбуланта и со тоа да има континуитет во лекувањето. Значи, независно кога ќе дојде пациент ќе го прими и првиот и вториот доктор, нагласи, услугата ќе биде во континуитет, пациентот ќе биде задоволен, но и фирмата ќе има финансиски средства да продолжи со лекувањето на пациентите со истиот квалитет. Според неа, со самото бришење, на пример на илјада пациенти, тоа значи да не добие таа фирма за илјада пациенти капитација.
– Во моментот електронските картички не функционираат и многу е тешко вие наново да ги набавите тие илјада пациенти да дојдат во ист ден да се изјаснат. Таков е системот направен. А со ова, значи ваква опција постои и сега каде автоматски се префрлаат пациентите. Кога некој оди на породилно боледување замената автоматски ги добива пациентите. Баравме и во случај кога некој ќе почине и кога некој ќе си замине ова по автоматизам да оди. Заради тоа во член 32 од Законот за здравствена заштита треба да се промени, да гласи „пациентот не избира матичен доктор, избира матична амбуланта, истакна д-р Чолакова Дервишова.
Таа потенцира дека нивно долгогодишно барање е и лиценцата за работа во мрежа да биде на ПЗУ, а не на доктор бидејќи, како што појасни, со самото починување на сопственикот се гасеа цели фирми и вработените остануваа на улица.
– Тоа е исто така една небулоза во која ако почине шеф на одделение во јавно здравство не се гаси одделението. Значи, ние не бараме ништо приватниот сектор, овие 2.000 доктори, станува збор и 2.000 стоматолошки ординации и за сите. Бараме да сме еднакви пред Уставот како што пишува во тој Закон, бараме здравството да биде бизнис како секој бизнис. Значи, ако почине сопственикот, тој имал фамилија која ќе си вработи млад доктор, ќе му даде квалитетна плата, но сето тоа ако Законот гласи вака зошто да се гаси и сите вработени на улица, рече д-р Чолакова Дервишова.
Посочи дека кога нивниот колега Иво Соколов од Скопје починал сите други тимови завршиле на улица.
– И тоа не е бизнис. Оваа држава треба да гледа да го задржи народот, младите да ги задржиме и веќе крајно време е законите да се прават за да може да останува народот овде и да живее, додаде д-р Чолакова Дервишова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст