Пронајдени се безживотните тела на двајцата планинари по кои од вчера се трага на Кајмакчалан.
Едно од лицата е пронајдено во провалија, а другото премрзнато во падините на планината Ниџе.
Планинарите се префрлени со возило на итната помош во болницата во Воден каде ќе се утврдуваат причините поради кои настапила смртта. Од болницата во Воден не откриваат никакви детали.

-МВР попладнево доби потврда за идентитетот од грчките колеги. Станува збор за Калина Велевска и Александар Миновски од Скопје. Искусни планинари кои биле дел од друшвото Трансверзалец од Скопје. Девојката пред извесно време добила и сертификат за водич, oбјави Сител.
Инаку двајцата планинари вчера беа пријавени кај грчката полиција околу 15 часот попладне од кога почнала и потрагата по нив. Претходно била најавена снежна бура во овој регион. Во услови на снег и силен ветер се пребарувани долж целата планина. По кратко време откако се пријавени за исчезнати , биле лоцирани нивните мобилни телефони на стотина метри на територија на РМ. Околу 2 часот по полноќ било пријавено во МВР од кога е и почната истрага на македонската страна од планината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


