Церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјонгчанг беше вистински спектакл, но двајцата маскирани забавувачи немаа можност да уживаат во оваа раскош.
Имитаторите маскирани во американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, кои заедно се појавија на свечената церемонија, се исфрлени од Олимпискиот стадион во Пјонгчанг.
– Добро се забавуваме. Сакавме да ги изненадиме посетителите и да донесеме мир во светот, но не исфрли обезбедувањето, што не е воопшто фер. Зарем не сакаме сите мир? – рекол мажот кој бил маскиран во севернокорејскиот лидер.
Тој додал дека имале карти за отворањето на Олимпијаадта, но дека биле исфрлени откако почнале да ги прогонуваат многубројните новинари.
Од друга страна, организаторите рекле дека двајцата мажи седеле на местата кои биле наменети за медиумите и дека поради тоа морале да го напуштат стадионот.
Лажниот Трамп и Ким Џонг-ун беа фотографирани на стадионот додека се поздравуваа со удари со дланките. Нивната фотографија стана вирална и насмеа милиони корисници на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст