| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во кичевско: Ја влечел за коса, па таа фрлала по него со камења

Синоќа во селото Жубрино, кичевско, во куќата сопственост на Љ.Љ. дошол Б.Љ. и започнал расправија со малолетниот син на Љ.Љ. во врска со недоразбирање кое тој го имал со негов внук.

„Во расправијата се приклучиле и Љ.Љ. и нејзината сестра Л.И.. Притоа, Б.Љ. со рака ја удрил Л.И. во пределот на лицето, а Љ.Љ. ја влечел за коса. Откако ја пуштил, Љ.Љ. почнала да фрла со камења по него, а тој извадил и вперил пиштол кон неа. Во тој момент, синот на Љ.Љ. се исплашил и паднал во безсознание, по што со возило бил однесен во Медицински центар Кичево, каде му била укажана лекарска помош“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top