| четврток, 6 декември 2018 |

Протести во Нов Зеланд и Данска против промена на името и двојазичност

Активностите на движењето #НиеСмеМакедонија за заштита на Македонскиот идентитет, јазик и име, како и за унитарноста на Република Македонија, со организирање на протести во централни локации во своите земји продолжуваат и викендов, пишува свест.мк.

Вчера, започнувајќи од Нов Зеланд по втор пат, дождливото време не ги спречи Македонците да излезат и да кажат јасно и гласно #НиеСмеМакедонија.

Мировните собири продолжуваат и денеска, 11 февруари, во Словенија и Данска, се вели во информацијата објавена на социјалните мрежи од страна на движењето #НиеСмеМакедонија.

Движењето #НиеСмеМакедонија бара од Владата на Република Македонија веднаш да прекинат секакви разговори за нашето единствено уставно име што ги води со Грција, и укинување на секоја можна понатамошна процедура на противуставниот закон за употреба на јазиците во Собранието по ветото на Претседателот Иванов.

Македонците ширум светот, велат од движењето, се интегрален дел од татковината и се мостот за иднина на Република Македонија и нејзиниот напредок. Вкупно 35 протести се планирани во нецел месец од самиот почеток на глобалното движење #НиеСмеМакедонија. Активност на движењето е петицијата #НиеСмеМакедонија која брои над 25,000 истомисленици и ќе биде испратена до Претседателот, Владата и Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top