- Коѕиас ќе и’ рече на Земјата: „Престани да се вртиш!“ – и таа ќе престане да се врти.
- Коѕиас ќе рече: „Нека ја снема историјата!“ – и историјата веднаш ќе ја снема.
- Коѕиас ќе рече: „Нека ја снема вистината!“ – и вистината веднаш ќе ја снема.
- Коѕиас ќе рече: „Нека ги снема Македонците во Егејска Македонија!“ – и Македонците во Егејска Македонија веднаш ќе ги снема.
- Коѕиас ќе рече: „Нека ги снема Македонките и Македонците во Македонија и во целот свет!“ – и сите Македонки и Македонци во Македонија и во целиот свет веднаш ќе ги снема.
- Козиас ќе рече: „Нека го снема македонскиот јазик!“ – и македонскиот јазик веднаш ќе го снема.
- Коѕиас ќе рече: „Нека го снема македонското национално минато!“ – и македонското национално минато веднаш ќе го снема.
- Коѕиас ќе рече: „Нека ја снема македонската култура!“ – и македонската култура веднаш ќе ја снема.
- Коѕиас ќе рече: „Нека го снема македонскиот идентитет!“ – и македонскиот идентитет веднаш ќе го снема.
- Коѕиас ќе рече: „Нека го снема македонскиот Устав!“ – и македонскиот Устав веднаш ќе го снема.
- Коѕиас ќе рече: „Нека ја снема Република Македонија!“ – и Република Македонија веднаш ќе ја снема.
Но, мил мој македонски народе, Никос Коѕиас не е Бог, а не е ниту Худини. Тој е само еден обичен неморален и надуен грчки политичар, кој садистички се слади во евтиниот политички бордел на меѓународно проституираната квислиншка и големоалбанска влада на велепредавникот Зоран Заев.
Проституцијата е големо општествено зло и длабока индивидуална несреќа на сите оние поединки и поединци што трагичната судбина ги фрлила на тоа мрачно егзистенцијално дно.
Но кога во својата (одговорна) професија најбедно интернационално (не)морално се проституираат политичари и политичарки, како предавниците Заев, Димитров и Шекеринска, „со сета своја царска куплерајска свита“, политичари кои всушност би требале да му бидат чувари и идоли на народот што го претставуваат – тие, на сметка на македонскиот народ и на Република Македонија, тоа го прават од најмизерно аздисување, бес и лудило, споделувајќи ја така својата „политичка постела“ со разни меѓународни, евроатлантски „големи политички заводници и љубовници“, па и од типот на карамазовскиот „политички сладострастник“ Никос Коѕиас, кој, како што гледаме, заевскиот политички куплерај сосема си го приватизира и си го претвори во врталиште за лично, комплексашко докажување на својата „дипломатска машкост“ и за најобично изживување. Е мажиште бре, Коѕиас, многу се намачи со „освојувањето“ на таквите „политички чупи“ што сами ти (го) даваат (она што не е нивно)!
Македонски народе, разбуди се! Стани! Никој не може да ти го одземе тоа најголемо човечко право да си го браниш својот роден дом и своето сакано семејство!
Доста ни е веќе од овој срам, понижувања и најприземни бламажи на нашиот македонски народ и на нашата мила татковина Македонија!
Доста ни е од тие избезумени и самозадоволни велепредавнички диктаторски моќници што ни ја претворија Република Македонија во трагична внатремакедонска и меѓународна Содома и Гомора.
Се наоѓаме на работ од црна бездна од која нема враќање!
По цена на животот и смртта не смееме да им го дадеме на тие неморални грабежливи идиоти своето достоинствено македонско Име, најголемото и најблагородно вековно наследство што за нас и за нашите деца и внуци ни го зачуваа нашите предедовци, дедовци, таковци и нашите славни македонски патриоти, револуционери и борци во сите времиња, што без примисла се саможртвуваа за својата татковина Македонија, за својот македонски народ и за човечки правдини!
Заедно, заедно, само заедно, цврсто сплотени во својата неизмерна љубов кон нашата една и единствена Македонија, ќе си ја спасиме татковината од страшната пропаст и црна невиделина!
Не смееме веќе да молчиме и да се потпираме само на некои бавни дипломатски уверувања наоколу на оние европски и светски моќници дека ова што се случува во и околу Македонија е ужасно, бидејќи токму тие, на најгруб интервенционистички начин ни ја инсталираа бедната квинслишка власт на Заев и него самиот! Нема веќе време за чекање! Заев, Димитров, Шекеринска, Османи, Ахмети и гебелсовската големоалбанска пропагандна креатура Артан Груби ќе пукнат ако итно – веќе утре! – не го довршат својот најстравотен предавнички проект за уништување на Република Македонија!
А лажниот Худини Коѕиас, со својата позната лицемерна насмевка на лицето, задоволно ќе ни ги фрли последните грутки напатена македонска земја во нашиот национален македонски гроб.
Зарем тоа сме ние, синови и ќерки на најпатриотската Илинденска епопеја?! Зарем само така ќе си легнеме во ништожност?! Зарем за таков беден крај, гради в гради, со голи раце, до последниот здив и до последниот човек на Мечкин камен се бранеше националното и социјално достоинство на македонскиот човек?
Не, мил мој народе! Не сме поразени! Тие сакаат во тоа да поверуваме и да ни го скршат духот! Но незмерно се лажат! Во нас има уште многу притивната, придушена, потисната сила за најголем и најжесток патриотски отпор на тоа невидено предавничко и меѓународно лудило!
Дишете, мили мои! Дишете со полни гради за својата единствена на светот татковина – Македонија!
Долу Заев! Долу предавничката влада! Долу Коѕиаси и други странски освојувачки гнасови!
А вие, бесрамни предавници белосветски, Заев, Димитров, Шекеринска &Co откажете ги веднаш сите свои летови и патувања до меѓународниот џган со кој го искреиравте ова надреално, во историјата на Европа незапомнето велепредавство, откажете ги и прекинете ги веднаш сите натамошни меѓународни „разговори“, „преговори“ и „договори“ за менување на уставното име на Република Македонија! Вие на тоа немате никакво право! Вие сте само обични збудалени и безобѕирни измамници!
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ СЛОБОДНА, а не безимена и поробена!
МАКЕДОНСКА ПРОЛЕТ стасува!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст