Кинеската полиција почна да користи очила со технологија за препознавање лица. Како што пишуваат локалните медиуми, а пренесува The Verge, припадниците на полицијата почнаа со тестирање на очилата на железничката станица во Џенгџо каде се користи за скенирање на туристите во текот на претстојната кинеска Нова година.
Станува збор за период со екстремен метеж често опишан како период на најголема миграција на Земјата.
Полицијата соопштила дека досега благодарение на очилата се уапсени седуммина осомничени за тешки кривични дела, но и 26 лица кои патувале со лажен идентитет.
Од компанијата што ги направила очилата ннаведуваат дека соработувале со локалната полиција за да развијат технологија што одговара на нивните потреби.
Според некои проценки, Кина до 2020 година ќе има повеќе од 600 милиони сигурносни камери.
извор: koktel.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје