| четврток, 6 декември 2018 |

Одложена трка во спуст на Олимписките игри поради безбедносни причини

Трката во спуст на Олимписките игри во Пјонгчанг е одложена поради силниот ветар и исклучително ниските температури.

Првата трка од алпското скијање на овогодинешните игри во машка конкуренција е одложена за в четврток во 3 часот по средноевропско време.

Трката ја одложивме од безбедносни причини“, соопштија организаторите.

Во Алпскиот центрар Џонгсеон брзинат на ветарот достигнуваше повеќе од 70 километри на час и се очекува дека таквото време ќе продолжи и в недела. Олимписките игри во Пјонгчанг ќе бидат едни од најстудените на сите времиња, а во моментите кога требаше да се вози спустот, температурата изнесуваше минус 18 степени Целзиусови.

извор: sport1.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top