Градот Скопје ќе гради плоштад наречен ВМРО. Како што јавува „Дневник“, локацијата е во центарот на градот на место сегашниот паркинг меѓу Т.Ц. Плаза и довчерашното седиштето на ВМРО- ДПМНЕ.
Од Градот не откриваат ниту какви насоки им дале на проектантите за изгледот на просторот ниту пак колку ќе биде голем плоштадот. Доколку се земе во предвид важечкиот Детален урбанистички план на општина Центар, може само да се претпостави дека за содржината се предвидени речиси 700 м2 , парцела на која има и маркичка за споменик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



