Судијата Огнен Ставрев и Осман Шабани пред очите на јавноста донесоа одлука, па две недели подоцна пак пред очите на јавноста си ја укинаа сопствената одлука. Ваква брука и срам оддамна не се случил во судството. Истото го направија за да удоволат на желбата на СЈО да биде се по нивно, независно на законот.
Имено, законот вели дека секој доказ против обвинетите, одбраната и обвинетите треба да го добијат навремено, односно минимум 8 дена пред давањето на воведни зборови.
Иако креираните матерјали, т.н. бомби, се нелегално прибавени матерјали, и законот категорично кажува дека неможе да бидат докази во судска постапка, ниту пак од нив да се извлекуваат докази, судот под политички притисок донесе одлука истите да се сметаат зза докази.
Кога веќе добија таков третман одбраната побара да и бидат врачени од СЈО, но СЈО одби да го направи тоа. Судиите Огнене Ставрев-син на поранешниот премиер и претседател на Македонја во комунизмот, донесе одлука на 24ти јануари и јавно кажа дека барањето е законско и го задолжи СЈО да им ги врачи снимките. Две недели подоцна, истите судии, јавно си ја поништија сопственат одлука, си ја поплукаа својат јавно донесена одлука, со наведната глава и без образложение. На инсистирање на Никола Груевски да дадат објаснување зошто го прават тоа, Судијат Ставрев одговори дека не ги слушал снимките, но се плашел да не има нешто приватно во нив. Одговороот на адвокатите беше дека бездруго судот планира јавно да ги пушта снимките во судницата пред новинарите, дека поголем дел од снимките веќе се пуштени во медиумите, и дека ако има приватни разговори, сигурно нема обвинетите саме себе да си направат штета и да ги објавуваат. И конечно Груевски додаде дека тоа образложение судиите би требал о да го знаат и кога претходно донеле одлука да ги врачат снимките.
Прекинато судењето за Космос – на одбраната не и се доставени записниците од претходното рочиште
Но најважно од се, е што законот е дециден дека снимките мора да се дадат на одбраната. Судот и покрај јасната одредба во законот, под притисок на СЈО и под политички притисок одлучи да не ги врачува снимките кои се дел од доказите, и побара од обвинетите и судиите ако сакаат да доаѓаат во судот и таму да ги слушаат, неповикувајки се на ниту еден член во законот, затоа што таков нема.
Од ова се гледа, дека проблемот на македонското судство не се закноните, туку политичкиот притисок и партиското судење од страна на судиите. Судиите не судат по закон, туку по партиска наредба и го игнорираат законот.
Инаку, Огнен Ставрев очекува награда за сите овие работи што ги прави, а тоа е да биде назначен за претседател на апелацискиот суд, иако не е судија во апелација. Тој се обидува уште еднаш да се докаже пред СДСМ колку е верен и лојален за да биде награден. Осман Шабани пак, се надева дека политички ќе се прослави со лошо однесување и судење на Груевски, и дека и тој ќе биде награден од ДУИ. Истиот е внук на поранешен член на судскиот совет, и близок до пратеници на ДУИ. Истовремено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои е и Никола Груевски, го блокираа носењето на законот за употреба на јазиците заради тоа што е неуставен:Однесувањето на Шабани е еден вид освета кон Груевски за неговото политичко делување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст