Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(69) од Грузија.
Пријавениот, казнените дела ги сторил на седми ноември минатата година во една менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга.
Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во вкупен износ од 60.000 евра.
При размената на парите, пријавениот искористил прилика и на вработениот му вратил, во плик, фалсификувани евра (во износ од по 500 евра) а потоа си заминал.
Во моментот на размената на пликоата со пари, вработениот не ја забележал измамата, но по извесно време тој ги проверил парите и притоа утврдил дека се фалсификат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст