Во Министерството за финансии денеска беше презентиран најновиот софтвер на бирото за јавни набавки, со цел овозможување поголема транспарентност и отчетност во процесот на склучување договори за јавни набавки.
Вработени од Бирото за јавни набавки ја презентираа новата алатка „Отворени Податоци“, која овозможува сите заинтересирани страни да можат да прават персонализирани анализи и истражувања за системот за јавни набавки или за конкретни институции и носители на самата набавка.
„Брзо и лесно одговорете го вашето прашање преку отворените податоци на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), преку кои можете да ги истражувате и да правите анализи на јавните набавки во Македонија. Најдете информации за конкретни институции/носители на набавка
➡️ https://www.e-nabavki.gov.mk/opendata-announcements.aspx….
Целта на овој систем е зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите, но и овозможување на полесен пристап до информации за јавните набавки на граѓаните“, се пофали Владата на Фејсбук.

– Ваков вид на комбинација на податоците со кои располага системот досега не бил достапен. Насоката за поголема транспарентност во јавните набавки е јасна. Со одлука на Владата на РМ веќе се објавува целосна докуметација од договорите за јавни набавки. Од тогаш до сега објавени се над 1.700 договори за јавни набавки од страна на институциите, рече портпаролката на Министерството за финансии, Јована Аврамовска.
Новина во надградениот систем е објава на склучените договори, бесплатен преглед на тендерската документација, критериумите и условите и поради транспарентноста на самите договори, може да се прават натамошни анализи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


