Има потенцијал за поголема економска соработка меѓу Македонија и Естонија. Билатералните односи се одлични, а Естонија силно ја поддржува интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, истакнаа денеска во Талин премиерите на двете земји Никола Груевски и Андрус Ансип.
– Ние имаме многу добри, одлични односи, нема отворени прашања, меѓусебно се поддржуваме во меѓународните организации како ОН. Меѓу нас има многу сличности, ние сме мали земји со економии во раст. Постојат сличности во многу сектори, што е добра можност за размена на искуства за предностите што ги има Естонија, но и за успесите што ги постигна Македонија, изјави премиерот Груевски по средбата со естонскиот колега.
Изрази задоволство од средбата со Ансип, кој како што рече е силен поддржувач на евроинтеграцискиот процес на Македонија.
Груевски го информира естонскиот премиер за реформите кои се преземаат во насока на остварување на европската и евроатланската интеграција и се заблагодари на принципиелната поддршка што Естонија ја дава на македонските стратешки определби.
Билатералните односи меѓу Естонија и Македонија, како што оцени Ансип, се многу добри.
– Меѓусебно се поддржуваме на меѓународно ниво. Естонија е силен поддржувач на натамошното проширување на ЕУ и за политиката на отворени врати на НАТО. Се надеваме дека еден ден ќе застанеме заедно во НАТО и ЕУ, изјави естонскиот премиер.
Двајцата соговорници изразија посветеност и заложба на личен ангажман за унапредување на економските односи, зголемување на трговската размена и соработка на полето на инвестициите. Посебно се разговараше за можностите за воспоставување на конкретна соработка во областа на информатичко-комуникациската технологија, текстилната индустрија, земјоделството и туризмот.
– Можеме да ја продлабочиме соработката во бизнисот, особено во сферата на ИТ. Мислам дека соработката во ИТ-секторот е најплодна област за соработка меѓу двете земји, рече Ансип.
Двајцата премиери разговараа и за модалитетите на модернизација на јавната администрација преку искористување на можностите кои ги нудат информатичките и компјутерските системи, при што беа разгледани посебни реформи кои би можеле да најдат примена во двете земји.
На средбата беше разговарано и за спроведувањето на економските политики и механизмите за надминување на предизвиците од негативните економски текови во насока на обезбедување на услови за консолидација и економски раст и развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии



