| четврток, 6 декември 2018 |

Болните на институтот за белодробни заболувања се смрзнуваат без парно

Без парно греење во студени простории десетина дена пациентите со туберколоза и други респираторни болести мрзнат на Инстутот за ТБЦ и белодоробни заболувања во Скопје.

Болните седат завиткани со шамии и со по две ќебиња – вели пациент во допис до редакцијата на ТВ 24. Кога прашале зошто нема парно, им одговориле дека се чека мајстор за да ги поправи.

Директорот на Институтот пак вели дека парно има во реновираниот дел и онаму каде престојуваат пациентите, но нема во амбулантскиот дел каде се вршат прегледи.
Причината вели е во застарената инсталација и радијатори, но проблемот ќе мора да се решава дури по грејната сезона.

„15 радијатори се пукнати и не работат во амбулантата зошто течат. Дојде фирма која е лиценцирана за таа работа и ни кажаа дека цевките мора да се сменат и по распишаниот тендер.“ – вели д-р Предраг Боживковиќ – Директор на Инситут за белодробни заболувања и ТБЦ – Скопје.

Не е само парното греење проблем. Зградата на институтот е буквално руинирана. Кровот на објектот кој е изграден во далечната 1937-ма година е пред распаѓање. Внатре ѕидовите се испукани, а поради лошата изолација тешко се загреваат собите во кои лежат пациенти. Буџетот со кој располага институтот е премал, вели директорот.
Тој веќе го запознал министерот за здравство со условите во кои се лекуваат болните. Побарал и дополнителни средства за реновирање и подобрување на условите. Се чека одобрување на средства од Фондот за објектот да се реновира.

„Чекаме од фондот да има доблест ида ни пушти сретства за да го реновираме ова во интерес на граѓаните.“ – вели – д-р Боживковиќ.

Во моментов 23 пациенти со туберколоза лежат на институтот а 80тина со хронични опструктивни белодробни заболувања. Пациентите со респираторни заболувања имаат и друг проблем. Нема пумпици во аптеките. Секој месец после 15-ти астамтичарите и оние со хронични заболувања на дишните патишта не можат да си набават пумпици. Мораат да ги купуваат на приватно по повисоки цени. Од аптеките велат дека квотите се истрошени. На десет дена пред крајот на месецот, веќе никаде во аптеките не може да се најдат и други лекови на рецепт.

Од Фондот за здравство и покрај прашањата кои ги адресирале од ТВ24 неодговориле дали и како планираат да го решат овој проблем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top