Нови 20 медицински сестри ќе бидат примени на хематолошкото одделение и за Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Откако во понеделникот на еден ден беше затворено хамтаолошкото одделение, министерот рече дека разговарал со директорката на Детската клиника Катерина Ставриќ, а ќе бидат обебзедени дополнителни средства од ФЗОМ за оваа цел.
– Веќе се обезбедени дел од средствата и од Детската клиника, но и екстра средства од ФЗОМ. Направивме анализа заедно со Министерството за труд и социјална политика и идентификувавме огромен број невработени сестри. Верувам дека ќе можеме да најдеме кадар кој ќе работи во овие одделенија. Хематолошкото одделение се затвори за да не дозволиме никаква импровизација додека нема доволен број луѓе – изјави министерот Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Медицинските сестри не добија работа, најавуваат нов собир пред Министерството за здравство (видео)
-
Медицинските сестри со барање до Филипче: Повисоки плати, напредување во кариерата и подобри услови за работа
-
Медицинските сестри не прифаќаат зголемување од 80 денари за ноќен труд: Бараат да бидат плаќани по дежурства (видео)
-
Уште 20 медицински сестри ќе се вработат на Детската клиника